Како Болоња го развива еко-патувањето низ градот

Сакаш да видиш како работите се менуваат на подобро а не остануваат само на визијата “ЌЕ” ? Прочитај ја следната статија и инспирирај се направиш нешто за промена…

Болоња е град со близу 400 илјади жители и околу 1 милион во својата поширока метрополска површина, со што претставува 7ми најголем град во Италија. Поради својата местоположба, градот е врска помеѓу северна и јужна Италија па така најглавните возни линии и автопати во државата се вкрстуваат во Болоња а аеродромот им станува се пофрекфентна станица за авио-корисниците.

Туризмот во градот е високо развиен и во него се инвестира постојано. Градот бил прогласен за европски главен град на културата уште во 2000 и УНЕСКО град на музиката во 2006, а Болоњскиот универзитет како најстар универзитет во светот кој датира уште од 1088 година сам по себе привлекува барем 80000 студенти годишно.

Сето ова зборува за огромна секојдневна раздвиженост во градот.

За оваа раздвиженост и фрекфентност да функционира ефикасно и да не загадува си треба доста паметно, креативно, храбро и правилно планирање и работење на градот.
Но тоа е возможно само кога има луѓе и тимови кои вистински и со страст сакаат да ги подобруваат работите и знаат што и како да сработат.

Болоња има свој јавен превоз составен од автобуси, тролејбуси и приградски возни линии. Има и добро поврзана велосипедска мрежа со над 120 км низ градот и доста иновативна програма за изнајмување велосипеди, а централниот дел од градот е направен првенствено да служи за пешачење.

Но тоа не е фокусот кон кој целиме во оваа сторија.

Градот може да има многу добро развиени системи за јавен транспорт и немоторизиран транспорт но без културата, свеста и желбата за користење на овие начини на патување, тие ќе останат на минимално ниво на искористеност а автомобилите ќе продолжат да бидат доминантни во транспортот, носејќи ги со себе хаосот, гужвите, загадувањето и општата нервоза за секојдневната загушеност од премногу автомобили.

Па како да се поттикнат сите во развивање на културата за чисто патување низ градот?

На ова прашање одговорил Марко Амадори, урбанистички планер на Болоња, но не со “треба вака или онака, сите сте криви” туку со создавање на анти-загадувачко движење Bella Mossa (Good Job).

Тој за да ги вклучи и поттикне сите луѓе да користат незагадувачки транспорт во секојдневното патување низ градот, ја користи мобилна апликација која го мери секое патување пешки, на точак, користењето градски автобус, тролејбус или воз, или пак споделувањето автомобил и ги наградува со Better Points поени. Поените пак, луѓето можат да ги користат за добивање бесплатни работи од над 100тина локални места низ градот, како бесплатен пијалок, јадења, сладоледи, билети за театар, кино, концерти и сл.

Локалните места кои сакаат да го подржат незагадувачкото патување се пријавуваат на мобилната апликација и одлучуваат колку остварени поени се доволни за да ги наградат луѓето со некој нивни производ или услуга.

Апликацијата му дозволува на секој корисник да регистрира четири патувања во еден ден за кои добива соодветен број на поени во зависност од тоа какво патување направил и колкава била должината на патувањето.

Првата година од активирањето на Bella Mossa во Болоња, биле искористени преку 16 илјади ваучери а биле регистрирани околу 3.7 милиони км поминати во чисто движење низ Болоња. Само во првите три месеци во програмата се вклучиле над 10000 граѓани. Движењето е толку добро прифатено што луѓето почнуваат да се натпреваруваат меѓу себе со тоа кој колку поени има и се поттикнуваат меѓусебно да користат чист транспорт колку што можат повеќе.

И така, целата култура на незагадувачко патување низ градот си се развива и расте а загадувањето од транспортот се намалува секој ден повеќе и повеќе. 

Сакаш да слушнеш нешто повеќе за оваа сторија? Пушти си го подкастот од BBC со кој ја представуваат целата оваа програма во Болоња. Клик тука