Наслов

Холанѓаните почнаа да жнеат струја

Кога би постоел натпревар во „како ли ви текна", Холанѓаните со проектот "Plant-e" сигурно би го земале првото место. Имено, тие открија дека целата флора (зеленило) ни дава бесплатна струја и сега почнаа со „жнеење". 

Со помош на фотосинтезата, растенијата создаваат органска материја. Дел од оваа органска материја растението ја користи за својот раст, но голем дел не може да се користи и се пренесува во почвата преку корењата. Околу корењата природно постојат микро организми кои ја користат оваа исфрлена органска материја и ја разложуваат за своите потреби. Во овој процес се испуштаат електрони како остаток.

Тука холанѓаните смислија начин и почнаа со „жнеење". Со помош на електроди им овозможуваат на микро организмите да ги донираат електроните т.е струјата.

Технологијата моментално ја употребуваат на својот зелен покрив над своите канцеларии каде имаат поставено вегетација под која им се наоѓа системот за собирање струја. Убавината е во тоа што создаваат чиста енергија заедно со бенефитот на зелените кровови, се прочистува воздухот, се добива подобра изолација, се користи дождовницата...

Иако се во почетна фаза на развиток и сè уште треба да го унапредат системот за да биде масовно користен, тие отворија нов фронт за чиста енергија која чека да биде искористена. Цела флора да ти давала струја за ич пари сето ова време ...

За подетално објаснување и нивните одлични идни планови пуштај видео...

18 Јуни 2015

За авторот