Наслов

Д Фестивалска сенка од бамбус и сено

Во склоп на овогодинашниот Д Фестивал во камперската зона беше отворена работилница за пермакултура преку која луѓето имаа можност да се запознааат со основите на одржливиот начин на живот. 

Зелената Арка e невладина организација која обединува луѓе со современи свежи идеи и активности на полето на зголемување на еко-културата во нашата земја. За време на жешкиот дојрански викенд на Д Фестивал овие луѓе имаа отворено работилница за пермакултура на која беа прикажани основите нa овој систем на живеење, размислување и работење кој е во интимен скалад со природата. 

Една од практичните активности беше и изградбата на т.н. „Сламбуска постојка” насловен така поради употребата на сламените бали и бамбусот при изведбата и поради краткотрајната употреба на градбата во текот на фестивалот, пред сѐ за едукативни цели и за починка на сламените бали, под сенката на трските. 

Целта на оваа активност беше запознавање со основните својства на некои од обновливите материјали за градба како што се сламените бали, бамбусот трската и конопот; и искуствена обука за почетничките техники при градбата со споменатите материјали.

27 Јули 2015

За авторот