Словенија – близок пример со слатка иднина

Една од државите со кои полесно можеме да се поистоветиме но во исто време и да се огледаме колку погрешно како држава сме се развивале во изминатите 25 години. Словенија стана пример за целиот свет како да се работи правилно и успешно кон одржлив развој.

Технолошките иновации и ефикасните акции од страна на словенската влада и невладините организации ја имаат претворено Словенија во држава која е пример за одржлив развој што успешно се спроведува се повеќе и подобро како навлегуваме подлабоко во 21иот век. Словенија е рангирана како 20та најразвиена држава во однос на еколошката одржливост.

Со “Slovenia Green” проектот, државата ја подржува туристичката индустрија и туристичките дестинации не само да ги запазуваат еколошките стандарди туку и да ги унапредуваат и да создаваат нови, како и во самиот еколошки менаџмент. Словенија минатиот месец се здоби со уникатната награда – Тие се првата држава во светот која е прогласена за зелена дестинација, добивајќи препознатливост во светот како мала чиста држава која прави големи чекори кон одржливиот туризам. 

Со брендот “I feel sLOVEnia“, тие се фокусирани кон намалување на негативните ефекти од отпадот, намалување на трошоците за енергија, одржување на чистите води, потикнување на користењето на јавен транспорт и велосипеди, како и едукација на граѓаните и работното население за здрави еколошки навики.

Љубљана им постана главен зелен град на Европа за 2016та.

• 63% од отпадот во градот се селектира, што го рангира градот помеѓу најчистите во Европската унија и првиот кој ќе биде вклучен во програмата за постанување град без отпад.
• Центарот на градот, кој порано бил полн со автомобили и сообраќаен метеж, сега скоро целосно е слободен за пешачење и возење велосипед, единствено градските автобуси кои користат природен гас се дозволени низ улиците во центарот.
• 74% од домаќинствата во Љубљана се загреваат преку централно греење и природен гас.
• Жителите на градот можат да се пофалат со 542 м2 на урбано зеленило по жител и 80 хектари на ново-создадени зеленила со кои градот се проширува, претварајќи ги деградираните земјишта во здрави површини.

Словенија има своја национална стратегија за развој на велосипедската мрежа уште од 2000та година, преку која воглавно се фокусирале кон создавање на безбедна и удобна инфраструктура. Документот кој се одобрил од страна на министерството за транспорт имал за цел двојно да го зголеми бројот на патувања кои се направени со велосипед во државата.

Веќе во 2005та год. Уделот на велосипедите во транспортот пораснал на 6.7%, кога ја обновиле програмата за следните години. Се очекува дека веќе 14% од транспортот во Словенија да биде велосипедски. Бујрум програмата ТУКА 

Како завршеток, и во паралела со еколошките акции, Словенија ги средува и своите општествено-економски проблеми на самата одржливост, работејќи на искоренување на сиромаштијата и гарантирајќи социјална сигурност, правда и генерално подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани на државата. Сеопфатното развивање наједноставно е прикажано на сликата. 

 

Од самото влегување во Европската унија, тие брзо го стигнуваат степенот на развој на најразвиените економии во унијата во согласност со границите кои ги поставува животната средина.