Сушени пиперки во доматен сос
Трошење на зимските залихи на суви црвени пиперки по брза, ама вкусна постапка…
- 10тина суви пиперки
- 500 мл сос од домати
- 5-6 чешниња лук
- 1 лажичка сув магдонос
- сол
- масло за готвење
1. Пиперките се мијат во топла вода и се сецкаат на парчиња.
2. На загреано масло се пржат две до три минути, па се налева доматното пире.
3. Со повремено мешање на тивок оган се крчка околку 10тина минути, а на крај се зачинува по вкус.