Чипс од сладок компир
- 400 г. сладок компир
1 лажичка сечкан рузмарин
½ лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
маслиново масло
Начин на подготовка:
Исечете круг од хартија за печење и поставете го на сигурносната чинија во микробрановата печка. Хартијата малку намачкајте ја со маслиново масло.
Компирот исечкајте го на тенки резанки на ренде и наредете ги на хартијата. Одозгора ставете малку рузмарин, сол и црн бибер на сите резанки и печете ги во микробранова печка 4 минути на посилна температура.
Проверувајте повремено дали се доволно крцкави, ако не, продолжете го печењето за 30 секунди. Постапката повторете ја со целото количество на компир. Брз и едноставен рецепт пробајте го.