Мини соларни полначи

На сите ни е познато дека во денешно време сите нешто „одлепувааме” по некои играчки, најчесто во форма на електронски апарати кои се последен збор на технологијата… 

Заедничка основа на сите тие „гаџети” им е дека работат на батерија, без оглед дали станува за мобилен телефон, таблет компјутер или фото-апарат. Би било напорно кога би требало да ги влечка со себе постојано сите полначи за тие уреди, па еден ваков универзален полнач кој што се напојува со соларна енергија би можел да биде прекрасна замена за сите нив.

Соларниот полнач е прилагодлив кон излезната волтажа, што е важно за да може со него да се напојуваат различни апарати кои енергијата ја примаат со различен напон (5/5,5/9,5 волти). Енергијата зачувана во него може да трае и до шест месеци! Ако им веруваме на искуствата на корисниците, фотоволтаичната ќелија вградена во соларниот полнач може да опслужи и преносен компјутер (лап топ), што ја прави задолжителен додаток во багажот при секое патување.

Ако помислиме дека ова дополнително придонесува за заштеда на енергија и намалување на штетните гасови во атмосферата, аргументите за поседување на оваа алатка едноставно ве оставаат без можност за наоѓање маана.

Секако овие полначи наоѓаат голема примена кога одиме во планина на некој подолг хајк или пак на некое кампување каде што пристапноста до електрична енергија е невозможно.

Благодарение на достапните цени секој авантурист би можел да го поседува овој уред во својата целокупна опрема.