Спортот за сите, посебно за најмладите

Голем број на дечиња, млади спортисти и спортски работници преку голем број на спортски, ликовни и уметнички содржини учествуваа на ОЛИМПИСКИОТ ДЕН, глобална активност на олимпиското движење со која се промовира Спортот за сите, посебно за најмладите.

Македонскиот олимписки комитет на сите учесници на овој настан им подари маици и дипломи за учество.

Олимписки ден е глобална активност на Олимпиското движење со која се промовира масовниот спорт и традиционално се одржува во месец Јуни под покровителство на националните олимписки комитети.
Меѓународниот олимписки комитет е официјално формиран на 23 Јуни 1894 година и како сеќавање на денот на формирањето, низ целиот свет се организира Олимписки ден.