СК во спортско стрелаштво (Минхен, Германија)

Македонските спортисти по олимписка норма во стрелаштво

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската спортско стрелачка федерација (МССФ) во целост, финансиски го обезбеди учеството на нашите најдобри спортисти во спортско стрелаштво кои во периодот 27-30 Мај 2015 година, во Минхен, Германија ќе учествуват на Светски куп, организирано од страна на Меѓународната спортско стрелачка федерација (ИССФ).

На овој куп ќе учествуват најдобрите светски натпреварувачи-стрелци во сите категории. Меѓу најдобрите стрелци од светот, учество ќе земат и македонските репрезентативци Балабан Нина (воздушна пушка 10м) и Ивановска Ана (воздушна пушка 10м), како и Емилија Пејева (воздушна пушка 10м), кои ќе настапат поединечно и екипно како и Јордан Тасевски (воздушен пиштол). Водач на делегацијата е селекторот Стеван Крстески.

Силно веруваме дека нашите спортисти на ова светско првенство ќе имат бистро око и мирна рака и дека ќе постигнат добри резултати кои ќе ги доближат до настап на ОИ Рио 2016.