Како правилно да се облечете за на планина

Како правилно да се облечете за на планина? Слоевито! Функционална долна облека, флис јакна и водоотпорна и дишлива јакна.

1 слој – функционална долна облека, која за време на физичката активност, ја апсорбира потта од телото и брзо ја испушта кон надворешноста.

2 слој – флис јакна, за добра топлотна изолација, која исто така ја пропушта влагата од телото кон надвор.

3 слој – водоотпорна и дишлива јакна, која штити од ветер и од дожд, а која овозможува процесот на трансфер на влагата да се заврши до крај.

Со комбинација на овие три слоеви на облека, добивате максимален комфор и функционалност, на секакви временски услови.