Планинско трчање „По стапките на Крали Марко“
Четврто издание на планинските трки „По Стапките на Крали Марко” – Krali Marko Trails 2014 во Организација на ПСД Макпетрол, Здружение TREX и општина Прилеп е во најава за наредниов викенд.
Оваа година трка ќе се одржи на две патеки.
∙ 64 km со 3000 m висинска разлика
∙ 16 km со 830 m висинска разлика
Пријавени се преку 180 натпреварувачи од 11 различни земји. Старт и цел ќе биде во Амфитеатарот во населба Варош – Прилеп. Старт на трката на 64 km е закажан за 8:00 часот, а на 16 km во 10:00 часот.
Прогласување на победници на 16 km – 17 часот
Прогласување на победници на 64 km – 20 часот
Атмосферата ќе ја збогатат групите КЕЛИЈА 9 од Скопје и THE HOUNDS од Прилеп.
Повелете придружете ни се во овој убав спорски настан, дојдете да ги бодрите натпреварувачите и да допринесете во поубава атмосфера на самата трка.
Целосни информации можете да најдете на официјалниот веб-сајт http://kmt.mk/