Екологика

Вака градот мој да биде…

Загрижени за начинот на живот во бетонските џунгли кои рапидно растат низ светот, решивме да ги пронајдеме најдобрите примери како се склопува екологија со урбано живеење. Лејдис енд џентлмен следуваат најдобрите 5 градови по одржлив начин на живеење заедно со природата:

 

no.1 – Ванкувер, Канада

број на жители – 603,502 (вкупно во регионот 2,500,000)

Ванкувер има многу позитивна цел до 2020та, а тоа е да биде најзелениот град во светот, со веќе 90% од своите потреби на електрична енергија снабдени од хидроцентрали и се` поголемо користење на ветерот, сонцето и океанските бранови како извор на енергија.

Со 400 км долги патеки за возење точак низ градот, програми за споделување на транспортот, и зелени патеки, Ванкувер е град со најниски CO2 емисии по жител на американскиот континент.

Како дел од целите до 2020та, тие се фокусирани да ги намалат своите штетни емисии на гасови за 33%, овозможувајќи новите градби да бидат само carbon neutral (колку јаглерод се испушта толку и да се абсорбира) и зголемување на енергетската ефикасност на постоечките градби за 20%.

Рапидна промена во нивниот животен стил се очекува во однос на возилата кои ги користат во градот, а тоа е целта 15% од возилата да бидат електрични возила.

no.2 – Сан Франциско, САД

број на жители – 825,111 (вкупно во регионот 8,500,000)

Метрополата Сан Франциско која претставува број 1 зелен град во Северна Америка рециклира 77% од својот отпад, 5тина од градот е паркови и зеленило, а имаат и голем број на најефикасни градежни проекти. Во поглед на транспортот, Сан Франциско важи за престолнина на електричните возила во САД.

Кога го прашале градоначалникот, зошто го прават сето ова, им одговорил многу едноставно – „Тоа се правилните работи кои треба да се направат, постојано сме едни од најпосетените метрополи, нашите посетители се привлечени поради вредностите кои ги имаме во градот.“

no.3 – Осло, Норвешка

број на жители – 634,463 (вкупно во регионот – 1,500,000)

Со повеќе од две третини од површината на градот како шуми, реки и обработливо земјиште, Осло е еден од водечките европски градови во одржлив начин на живеење.

Осветлувањето во градот е интелегентно, кое се прилагодува според интензитетот на транспортот и според временските услови, користат био-метан од одпадот за затоплување и како енергија за градскиот транспортен систем. Имаат рапидни програми за споделување на велосипеди и возила, и голем број на електрични возила кои можат да ги полнат на повеќе од 400 електрични станици инсталирани низ градот.

До 2030 градот планира да ги намали своите CO2 емисии за 50%, а до 2050 веќе да биде неутрален во однос на испуштањето на CO2 гасови.

no.4 – Куритиба, Бразил

број на жители – 1,752,000 (вкупно во регионот 3,210,000)

Градот кој важи како најдобар за живеење во Бразил, има долга историја на урбано склопување на екологијата со плановите за развој. Започнувајќи уште во 70-тите, градот се развивал вклучувајќи ги чистиот начин на живеење заедно со голем број на нови зелени површини.

Ако некогаш постоеле 1м2 на зелени површини по жител, сега имаат 52м2 по жител, со повеќе од 1.5 милиони нови посадени дрвја и мрежа од 28 паркови и шуми. Низ градот поминува брз и ефикасен транспортен систем кој го користат 2.3 милиони жители, кои во својот начин на живеење успешно ги имаат прифтено програмите за рециклирање, рециклирајќи 2/3 од својот отпад.

„Не постои поблагородна цел од тоа да се обидете да постигнете некој колективен сон. Кога градот се посветува на квалитетот на животот, кога ги респектира луѓето кои живеат во него и ја респектира природата, кога се подготвува за идните генерации, граѓаните ја споделуваат одговорноста за тие цели, а тоа е единствениот начин за да се достигне колективниот сон на жителите.“ – вели поранешниот градоначалник на Куритиба.

no.5 – Копенхаген, Данска

број на жители – 569,557 (вкупно во регионот 2,000,000)

Копенхаген – престолнината на велосипедите, каде повеќе од третина од населението редовно користат велиосипед за да пристигнат на работа, имаат повеќе од 350 km велосипедски патеки низ градот. Уште појако, целите на градот се до 2015 година половина од населението да вози велосипеди, ма рај за точаците.

Копенхаген има за цел да биде првиот carbon neutral главен град во светот до 2025та,
и за таа цел имаат воведено полиса за зелени кровови каде секој нов објект мора да има вклопено некоја зелена вегетација во својот градежен дизајн. Во склоп на ова се планира да 90% од населението има достапност до зелени паркови на 15 минутно одење од својот дом.

Данска како држава со најголема индустрија за ветерници е на врвот по производство на енергија од ветер, снабдувајќи околу 28% од сопствените енергетски потреби. (90% од offshore ветерниците во светот се инсталирани во Данските води).