Зимско искачување на Пелистер 2601 м.н.в.

Планинарскиот Спортски Клуб „Димитар Илиевски Мурато” од Битола за прв пат оваа година организираше искачување на Пелистер во зимски услови по потешка патека, „Патека по камењар”.

Идејата за организирање на ова искачување беше да биди малку поинакво од другите искачувања и маршеви, со оглед на тежината на патеката каде треба да се има некое планинарско искуство и опрема за движење во зимски услови.

Искачувањето започна од пред Хотел Молика во 06:45ч. и помина во најдобар ред без проблеми. Пријавени беа над 60 учесници од Битола, Скопје, Прилеп, Охрид Велес и Виница. Првите групи пристигнаа на врвот околу 12.00ч. од сите кои тргнаа за нагоре, само двајца не се искачија на врвот.

Временските услови беа добри, без ветер и со мали врнежи на снег. Од врвот за надолу тргнавме во 13:20ч. до паркингот пред инфоцентарот пристигнавме околу 16:50ч.

Благодарност на сите што учествуваа на искачувањето, со надеж дека ќе прерасне во традиционално искачување и дека до година ќе имаме повеќе снег и повеќе планинари кои ќе качувааат во зимски услови.