Пионерски обид во земјава да се развие домашната скејт сцена преку спонзорирање на млади таленти.
Popcornskateco. на Илин Колевски му посакува добредојде во тимот!
Popcornskateco. ги препозна талентот и упорноста на Илин Колевски во најновото СКИРОЛ видео и одлучи да му овозможи комплетна подршка преку обезбедување на опрема со цел истата да не преставува пречка за напредок на неговата скејтбординг кариера.
Popcornskateco. е релативно нов скејтбординг бренд, а неговата цел е висок пласман на скејтери од Македонија на интернационални натпревари и нивна препознатливост во светот.
Со ова видео Popcornskateco. на Илин Колевски му посакува добредојде во тимот!
И да не заборавиме, најважни за успехот на оваа приказна сте вие кои сега го гледате ова видео! Се надеваме дека ќе го препознаете потенцијалот и енергијата на брендот исто како што брендот го препозна талентот и упорноста на Илин.
Голема благодарност до WELOVEVIDEOProduction за изработката на овој видео материјал, и до организацијата С.А.М. за подршка на идејата за Popcornskateco.
Производите на Popcornskateco. се достапни тука
До следно видување,
Сите на скејт!