Корисни Божиќни топчиња
Одлична здрава поддршка за спортување на отворено.
- 300г малтекс
- измерено во филџан:
- корнфлекс без шеќер
- овесни снегулки
- сончоглед
- ореви
- домашни суви смокви
- урми
- печени мелени кикирики
Подготовка
1. Оревите, смоквите и урмите се сецкаат на ситно.
2. На тивок оган во тенџере, малтексот се загрева до топење и во него се додаваат сите состојки. Се меша убаво и се трга од огнот.
3. Со навлажнети раце од смесата се прават топчиња и се валкаат во дел од мелените кикирики (можете и со други јатки).