Карфиол на поинаков начин
Одлична закуска со ниско калорична, а високо хранлива вредност. Ако направите поголема количина може да ви замени и цел оброк.
- 1 главица карфиол
- 150 мл маслиново масло
- сол, бибер
- гранче рузмарин
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажичка куркума
- сок од еден лимон
Подготовка
1. Во подлабок сад го толчиме лукот и ги додаваме сите зачини, сецканиот рузмарин маслото и сокот од лимон.
2. Во подготвената смеса ги валкаме цветчињата од карфиолот и ги редиме во претходно намастено тавче.
3. Печеме во загреана рерна околку 45-50 минути на 180 степени целзиусови, додека карфиолот да омекне.