Запечен спанаќ со сирење
Ако минатите денови ви поминаа во конзумирање потешки оброци, денес можете да пробате една полесна и брза вегетаријанска варијанта што ќе ви даде енергија за тренинг, а сепак ќе се чувстувате лесно… се разбира, количината треба да биде соодветна за килажата на конзументот.
- 1 кг спанаќ
- 300 г млеко
- 200 г сирење
- 2 лажици путер
- 2 лажици брашно
- сол, бибер
- мускатно оревче
Подготовка
1. Спанаќот се мие и се обарува во солена вода.
2. Во посебен сад се растопува путерот, се додава млекото, брашното, се загрева со постојано мешање додека да се згусне и се зачинува.
3. Во намастено тавче со путер се мешаат спанаќот, сосот и изренданото сирење и се печат на 180 степени, околу 30 минути.