Што, како и зошто

Sport Inn дел од Spinning Experience 2013

Без разлика кои сте, без разлика каде сте, бидете подготвени. Од 2002 година, Spinning® Experience е најголемиот Spinning настан во Европа, со учесници од целиот свет! Spinning е гордиот лидер на indoor cycling-от во светот a секоја година токму земјата на велосипедот – Холаднија, е домаќин на најголемата и наједукативната indoor cycling конференција.


Спорт Инн беше дел од уникатната дводневна програма и дел од 6 часовниот Spinning маратон во друштво на уште 500 Spinning ентузијасти. За време на конференцијата, сите предавања, вклучително и Spinning маратонот беа водени од светски познати Spinning Master Инструктори. Инструктори како Mark Tickner од UK и Javier Santin од Шпанија.

Нашиот тим е особено горд што за прв пат на ова големо собирање имаше претставници од Македонија. Сите искуства, уредно ги документиравме а истите интерактивно ќе ги презентираме на нашите членови.

Искрено се надеваме дека следната година друштво ќе ни прават нашите Spinning членови и сите заедно ќе ги свртиме 200-те километри на маратонот. Ништо не е многу кога се прави во добро друштво и со позитивна енергија.

Автор

Sport Inn

Скопје

Македонија