Бразилскa џиу џица со Д` Стронгест – Центар

Насловот кажува сè, видеото кажува повеќе!

Бразилската Џиу Џица е боречка вештина, спорт, техника на самоодбрана, систем кој се базира на борење на земја. Почетоците на БЏЏ се согледуваат во 1914та година, кога се одделува од џудото.

БЏЏ е спорт и техника која ги подобрува физичкото и менталното здравје, градење на цврст карактер и дисциплина особено кај младите, всушност БЏЏ е нов, поздрав начин на живот.

Второто име на БЏЏ е „human chess“ односно човечки шах и за тоа постои добра причина – преку работата на мускулите ќе се достигне одредено ниво, се додека не се почне навистина да се размислува за техниките и како да се зачува својата енергија.
БЏЏ го промовира концептот каде помалата, послаба личност може да го совлада поголемиот и посилен противник

Нашите водечки златни 8 принципи се:

П – Постојаност, сигурност, верност, пријателство
Р – Разбирање, соработка
И – Истрајност, одлучност и трпеливост
Н – неутралност и лојалност
Ц – ценење и учење
И – Извонредност и квалитет
П – Помагање и споделување
И – Интелект, морал, чесност и храброст


Нашиот клуб РООТС-ЦЕНТАР е дел од Македонската БЏЏ Федерација, под црниот појас од Австралија, професор Роберт Наумовски. Тренинзите се одвиваат во наша сопствена сала на 50м од главниот влез на гимназијата Корчагин.

Редовно учествуваме по натпревари во земјава и соседството и веќе имаме освоено доста медали и признанија. Сите момчиња и девојчиња се добродојдени да ни се приклучат во зашиот БЈЈ тим.

НАЈПОГОДНА ВОЗРАСТ ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО БЏЏ? НА 10 ГОДИНИ И ДЕНЕС 🙂