СЕНИОРСКО ДРЖАВНО ИЗБОРНО ПРВЕНСТВО - „Скопје 2013“

Резултати од Кик Бокс Сен. државно изборно првенство „Скопје 2013“

Кик боксинг федерацијата на Македонија во рамките на активностите спрема календарот за 2013г. (19.10.2013г.) Ве известува за успешно организираното државно првенство.

Државното изборно сениорско првенство се одржа во салата на основното училиште ООУ „Братство” во Скопје. Техничката организација беше на кик-бокс клубот „Адреналин” од Скопје. Самото државно првенство го отвори градоначалникот на општина Карпош, г-дин Стевче Јакимовски кој важи за еден од големите подржувачи на боречките спортови.

Учество земаа 183 спортисти од 18 клубови, кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории во кик лајт, поинт фајт, лајт контакт и фул контакт од кик бокс спортот.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ


Дисциплина Поинт Фајт

Дарко Рунчев -70кг. (КБК „Гладијатор” – Штип)


Дисциплина Лајт Контакт

Сара Спасовска -55кг. (КБК „Гладијатор” – Скопје)

Владимир Кузевски -79кг. (КБК „Гладијатор” – Скопје)


Дисциплина Кик Лајт

Стефка Јанковска – 60кг (КБК „Зан Шин” – Битола)

Јордан Јованов – 63кг (КБК „Гладијатор” – Неготино)

Ненад Манојловски – 69кг (КБК „Шампипон” – Скопје)

Димитар Ѓеорѓиевски -75кг. (КБК „Гладијатор” – Неготино)

Драган Игњатовски -79кг (КБК „Гладијатор” – Скопје)

Милан Кубин – 84кг (КБК „Гладијатор” – Скопје)


Дисциплина Фул Контакт

Елена Касарлица Врбец – 60кг (КБК „Про кик фемили” – Скопје)

Марија Костовска – 74 кг (КБК „Адреналин” – Скопје)

Аријанит Селими – 60кг (КБК „Сан лион” – Гостивар)

Ѓоре Стојанов – 71кг (КБК „Будо” – Велес)

Ристе Гасов – 81кг (КБК „Будо” – Велес)

Стојанче Ѓеоргиевски -(86кг КБК ,,Будо,, Велес)

Никола Бакалов +90кг (КБК ,„Зан Шин”- Битола)


Од комесарот на натпреварувачката комисија Арбен Јонузи организаторот доби високи оценки за покажаната техничка организација, a самото државо изборно првенство го красеа квалитетни борби со завидно ниво на кик бокс техника.

Ова државно првенство е последната активност пред вториот дел на Светското сениорско првенство кое ќе се одржи во Анталија, Турција од 01-10.12.2013 година.

Селекторите Димче Кичевски за татами дисциплините и Дејан Митровски – Урко за ринговните дисциплини во најкраток рок ќе го соопштат поширокиот состав на репрезентативците од кои ќе се селектираат најдобрите кои ќе ја претставуваа кик бокс репрезентацита на Р. Македонија во Турција.