Запечени модри патлиџани
Супер идеја за брз неделен ручек со сезонски намирници.
- 2 модри патлиџани
- 400г павлака
- 3 јајца
- 100г кашкавал
- крупна морска сол
Подготовка
1. Предходно исечените модри патлиџани (нелупени) се попрскуваат со сол и се оставаат така 15 минути.
2. Се цедат, а потоа се потпекуваат на тефлонско тавче.
3. Во огноотпорно тавче се редат патлиџаните и се полеваат со изматените јајца и павлака.
4. Одозгора на крупно се ренда кашкавалот.
5. На 200 степени загреана рерна се пече 15 минути.