Крем супа со пашканат
Вкусна витаминска крем супа, која ќе ве хидрира и лесно ќе ве најаде во топлите летни денови.
- 500г пашканат
- 1-2 средни компири
- 1 главица кромид
- 2 лажици мелено ленено семе
- 1/2 мала лажичка путер
- кора од лимон
- 1-2 лажици павлака
- магдонос
- морска/хималајска сол и бибер по вкус
Подготовка
1. Се вари пашканатот заедно со компирот, исецкани на коцки, а потоа се пасираат со вода до саканата густина.
2. Кромидот се сецка ситно и се пржи, а потоа се додава во супата. Заедно се варат 10тина минути.
3. При крајот од варењето се додава лененото семе со зачините.
4. Павлака и магдонос се додаваат при сервирање.