Девојките од Ракометниот Клуб Моби Дик 2012

Ракометниот клуб Моби Дик 2012 од Охрид успеа да го врати женскиот ракомет во Охрид после петнаесетгодишна стагнација. Погледнете какви се надежите на охридскиот ракомет низ еден тренинг претставен во видео запис.

Целта на клубот е создавање на млади ракометни кадри кои ќе го оживеат и одржуваат во континуитет женскиот ракомет во Охрид.

Тренингот се одржа во СРЦ Биљанини извори и содржеше:

  • Вежби за загревање (трчање, загревање преку игра, истегнување)
  • Спринтови
  • Вежби за додавање и примање на топка во парови и тројки 
  • Вежби за додавање на топка со имена на место и шутирање
  • Упатување на шут кон гол од позиции
  • Вежби за полуконтра
  • Вежби за одбрана со бочни, фронтални и дијагонални движења на 6 и 9 метри кои завршуваат со дијагонален спринт кон другиот крај на игралиштето
  • Стомачни, грбни, склекови и степови