КОНКУРСОТ Е ВО ТЕК
Конкурс за УЕФА Б лиценца
Ве известувам дека Центарот за едукација за тренери при ФФМ распиша конкурс за стекнување, со „Б” УЕФА лиценца. Услови за пријавување и потребни документи
Најмалку 22 години старост
- – Извод од матична книга на родени (копија) или пасош копија
- – Диплома за завршено најмалку средно образование (копија)
- – Потврда за фудбалски стаж од најмалку 4(четири) години, од Фудбалски Клуб, Општински Фудбалски сојуз или ФФМ (оригинал)
- – Лекарско уверение (оригинал)
- – Две слики
– Уплатници: 400 евра за УЕФА „Б” курсот и 82 евра за полагање и издавање на диплома и лиценца. Плаќањето може да биде на рати (максимум 4 рати). Во овие 482 евра не влегува трошокот за пат и сместувањето во Хотел Истатов – Дојран
- Првата рата од минимум 100 евра да биде уплатена пред почеток на курсот
- Уплата се врши во денарска против вредност на жиро сметка на ФФМ:
- жиро с-ка: 300000001599760, Комерцијална Банка
- Примач: Фудбалска федерација на Македонија
- Цел на дознака: За УЕФА „Б” курс.
Терминот за вториот дел ќе биде договорен за време на првиот во консултација со сите тренери кандидати.
Лице за контакт Војнески Славче моб.+38971350129 / раб.+3892 3290954
е-маил: [email protected]