Идеална вечерна салата
Можете да бидете креативни со додатоците, но во секој случај ќе се најадете здраво и вкусно. Ние ги направивме двете варијанти (со пилешко месо и вегетаријанска).
- 200г печурки шампињони
- 1 кромид
- 400г пилешко месо/мисиркино месо
- 15тина шери домати
- рендана моцарела
- 10 маслинки
- 2 китки марула
- соја сос
- барбекју сос
- сенф
- балсамико
- сол по желба
- прелив за салата по желба
- семки од сончоглед и/или тиква
- маслиново масло
- лук во прав
- домашни потпечени лепчиња
Подготовка
1. Ситно сецканиот кромид и печурки се пропржуваат во соја сос, лук во прав и малку маслиново масло. Потоа се додава пилешкото месо, сенфот и барбекју сос и се пржи околу 20тина минути (доколку сакате веге варијанта занемарете го пилешкото месо).
2. Зелената салата, шери доматите и маслинките ситно се сецкаат и во нив се додаваат семки од сончоглед или тиква.
3. Во садот се додава оладената смеса од кромид, печурки и пилешко (по желба) и се зачинува со балсамико.
4. На крај, по желба се посолува, се додава преливот и се попрскува со моцарела.
* Шефови: Јана & Андреј