Мариниран ослиќ
Прилогот со оваа риба е по ваша желба, а исто така и белото вино.
- 6 средни парчиња ослиќ
- за маринадата:
- 100мл бело вино
- 50мл маслиново масло
- 2-3 чешниња ситно сецкан лук
- 1 лимон
- гранче рузмарин
- крупна морска сол
- кари и бибер по желба
Подготовка
1. Исчистената риба се потопува во маринада и се остава да одлежи 5-6 часа, или пак цела вечер, во фрижидер.
2. Потоа сè заедно се пече во рерна на 200 степени околу 40 минути додека не добие златно-жолта боја.
3. Уживајте во вкусниот рибен оброк.