Ражањ – балканска специјализирана опрема за во природа

Линија на облека која феноменално може да се поклопи во агендата на една балканска настава во природа на темата скара и сè околу скарата.

Ражањ е in house бренд на Белградското дизајнерско студио Инсомниа. Тие, водени од нивниот базичен балкански инстинкт за вртење на добра скара во природа, ја исфрлаат во оптег функционалната гардероба односно линијата Ражањ која првенствено е прилагодена за еден типичен балканец кој ужива во вртење на скара во природа.

Ражањ, outdoor eatwear се состои од колекција на маици кои може да се најдат од помош за секој типичен балканец. Дизајнирани се така што излетот на секој скараџија го прават попријатен и поедноставен. Маиците имаат зона за бришење на раце, самовентилирачки систем и променлива димензија во зоната на стомакот што ги прави исклучително добри за уживање во кркањето во природа.

Наши се, имаат одлична креација која може многу да ја заинтересира нашава популација, башка и колекцијата се категоризира како outdoor (без разлика на тоа eatwear) опрема, па решивме да ви ги претставиме.