Веге компир по Македонски
Многу вкусен ручек… може како прилог да се додаде и туршија во зимски услови. А за месарите и некое месо по вкус.
- 500г компир
- 3-4 кромидки…големина од око
- 200г кравјо сирење (може било какво, а може и со урда)
- 2дл млеко
- 1 јајце
- неколку суви пиперки
- крупна морска сол и бибер по вкус
- маслиново масло
- нане по желба
Подготовка
1. Компирот и кромидот се сецкаат на кругови, се ронат пиперката и сирењето, а јајцето се мати заедно со млекото.
2. Ватростално тафче се премачкува со малку масло каде прво се редат компирите, а потоа кромидот.
3. Сирењето и пиперките се истураат одозгора.
4. Се реди уште еден ред компири.
5. На крај, содржината се полева со изматеното јајце и млеко.
6. Се наросува со малку нане. (мирудија по желба)
7. На крај се додаваат сол и бибер, но секако не треба да се претерува.
8. Садот се покрива и се става во загреана рерна на 250 степени каде се пече 15 минути.
9. Потоа се намалува на 200 степени и се пече додека не пожолтат компирите (проба-боцни компирче)