Трка во скијање угоре

Во саботата на австриските Алпи се одржа малку поинаков вид на скијачки настан во вертикално скијање. Трката „Champ or Cramp“ беше одржана во Spittal an der Drau скијачкиот центар и тоа на најдолгата црна стаза во целите австриски Алпи.

Целата трка беше долга 1,200 метри а во неа ги вклучуваше и језивите секции со по 6 % инклинација. 

Првото место го освои Словенецот Нејц Кухар кој стазата ја мина за 50 минути и 36 секунди. 

Во женска конкуренција првото место го освои Австриката Михаела Есл која заврши за 34 минути и 57 секунди, но кај жените должината беше значајно пократка.