Родители и деца во епизодата: Суперхерои на Попова Шапка
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
08:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ
Ве поканува на планинарска акција – Родители и деца во епизодата: Суперхерои на Попова Шапка
Нашата суперхеројска акција претрпе измени! Нашите Суперхерои се ангажирани да обучат нови идни Суперхерои на нови вештини и моќи на Попова Шапка во Зимската Школа за Суперхерои. Затоа ја менуваме локацијата на акцијата на ПОПОВА ШАПКА и за нашите најмали Суперхерои и се вклучуваме во мини Суперхеројско училиште.
Опис на акцијата: Суперхерој е човек кој поседува натприродни или супер-човечки моќи, посветен на победата на доброто над злото во Универзумот, заштитник на луѓето, сите живи суштества и природата.
Под Конаците на Попова Шапка, на оваа супер-акција ќе ги запознаеме нашите Суперхерои: Супер-Маркацист, Супер-Планинар, Супер-Тркач, Супер-Качувач и Супер-Спасувач кои ќе ги претстават нивните супермоќи и супер-орудија. Тие ќе не научат како да се движиме по снег, со супер-стапчиња, ќе допреме со прстињата супер-боцки на супер-дерези, ќе видиме преостар супер-цепин, и ќе ни покажат како со помош на едни широоооки, шарени, пресмешни додатоци наречени супер-дрезги добиваме супермоќ да можеме да се движиме без да пропаѓаме во прееееедлабок снег. Оти кога ќе пораснеме и ние ќе бидеме Суперхерои! Со супер-појаси и супер-шлемови!
Потоа ќе направиме супер-колона и ќе научиме супер-јазли со едно суперхеројско јаже и сите заврзани на јажето малку ќе планинариме па се до хотел Арена каде ќе ги стоплиме рачињата и ножињата покрај оганче.
Таму ќе играме игри и ќе ги повторуваме супер-орудијата и супер-јазлите. Со мнооогу супеееерхеројски стикери и бонбони.
Дотогаш нашите Суперхерои ќе направат зимско супер-засолниште, а ние, откако ќе го погледнеме и провериме, ќе кажеме дали иглото е суперхеројско и дознаеме што е она сребреното во кое Суперхероите личат исто како наградните бонбончиња.
И тука нашата прва мини суперхеројска обука доаѓа при крајот 🙂
Локација и време: Падината под Конаците и под хотел Тетекс/Арена на Попова Шапка во 09:00 часот
Напор: Супер-лесна, прилагодена на способноста на најмалите Суперхерои.
Времетраење на супер-акцијата (вкупно): 6 часа
Задолжителна опрема за Суперхерои на снег:
• Супер-Планинарски СУПЕР-ВИСОКИ супер-топли чевлички или супер-чизмички (никако патики)
• Супер-топла непамучна облека соодветна на времето, супер-топла јакничка и панталончиња, оделца за скијање, супер-дебели чорапчиња, неколку пара во ранче, супер-волнено капче, супер-шалче, 2, 3 пара ракавички (водонепропустливи по можност), ОБЛЕКА ЗА ПРЕСЛЕКУВАЊЕ, наочарчиња за сонце (ако бидат потребни)
Храна за Суперхерои: Од ранче. Вода, топли напитоци,1л.
Планинарски водичи: Ирена Диков, Љубица Матевска, Стојан Хаџи-Јевтимов, Велимир Граорковски
Превоз: Со сопствени возила или организиран превоз со поаѓање пред Пошта 2-Железничка станица во 07:00 часот
Цена за организиран превоз: 400 денари
Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО без разлика дали доаѓате со сопствено возило или организиран превоз, најдоцна до 25.01.2019, петок
Лица за контакт: Ирена Диков 070 325 618, Љубица Матевска 071 390 626, Стојан Хаџи-Јевтимов 078 315 213, Велимир Граорковски 078 260 617
Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.