Меморијален марш „Филип Чакаров – човекот планина“ 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На навршувањето на две години од прерано згаснатиот живот на нашиот другар Филип Чакаров, ќе се одржи меморијален марш во негова чест. Втора година по ред ги покануваме сите кои го сакаа и почитуваа да му оддадат почит со тоа што ќе земат учество во маршот.

Технички податоци:
Се поаѓа од локалитетот Три Круши во Драчево кон врвот Китка преку село Вртекица. Од врвот Китка, групата се упатува кон Преслап, од каде преку Кадина Река и село Алдинци се стигнува до крајната дестинација, Планинарски дом – Караџица. Оваа рута се категоризира како тешка и е за учесници со многу добра кондициска подготвеност.
Рутата е со должина од 25км, при што се совладува висинска разлика од приближно 2000 метри.
Маршот е предвиден како дводневен, со опција за враќање истиот ден со сопствен превоз.

Саатница:
Сабота, 20.10.2018
*Поаѓање:
05:00 часот од паркингот на локалитетот”Три Круши” над Драчево
*17:00 часот чествување во п.д.Караџица
Недела, 21.10.2017
*Будење по желба
*Слободни активности
*10 часот, поаѓање од п.д.Караџица кон Драчево
*18 часот, планирано пристигнување во Драчево
Во договор со учесниците има опција за враќање истиот ден.

Напомени:
-Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево “Филип Чакаров “.
-Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
-Пријавување и информации секоја среда од 18:30 до 20:00 во клупските простории на ПСК Драчево Филип Чакаров или на броевите:
071 266 047 – Филип
070 323 150 – Јане
Ги охрабруваме сите кои сакаат, во сопствена режија да учествуваат во меморијалот.
Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
Задолжителна резервација до 18.10.2018
Линк за пријавување заради евиденција:
https://goo.gl/forms/IJioXmonMVclGI0s1

Планинарски поздрав

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија