Мусала 2925мнв

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарското друштво ПЕД i love hiking group Macedonia, ве носи на највисокиот врв на Балканот во соседна Бугарија. Врвот Мусала е висок 2925 метри и се наоѓа на планината Рила. Самата планина плени со многуте езера кои се поминуваат долж патеката. Стартот е во утрото низ борова шума, која е воздушна бања. Тура за духот и телото.

ОПИС НА ТУРАТА:
– Дводневна тура со шопинг во Софија во продавницата на ДЕКАТЛОН.
– Спиење во Бороветц во хотел со 4 ѕвезди со доручек
– Искачување на врвот Мусала
– Искачувањето е со тежина средно/тешка поради должината на искачувањето. (Сите кои имаат некоја активност во теков на летово и имаат планинарски обувки, можат да се јават за консултации во врска со тежината)
– Доколку не сакате да го качите врвот можете да останете на некое од езерата.
– За тие кои сакаат да се качат со жичара имаат таква опција, но сами го сносат трошокот за жичарата.
– Искачувањто трае 6 часа
– Спуштањето трае 4 часа
– Вкупно искачување од 1600 метри надморска височина
– Должина на турата во правец е 12,5 км

ПРОГРАМА:
Сабота 20 Октомври 2018
-Тргање од Пошта 2 на Железничка станица во 05:00 часот
– Пристигнвуање во ДЕКАТЛОН – шопинг 2 часа, (помош од водич при купувањето)
– Пристигнување во Боровец. сместување во Хотел со 4 ѕвезди
– Дружење
– Спиење

НЕДЕЛА 21 Окт 2018
– Тргнување кон врвот во 05:00 часот
– Тргнување кон врвот со жичара во 7:30 (цена 6 евра)
– Попатни паузи во двата дома по пат, таму може да си купите чај
– Заедно пристигнување на врвот
– Симнување
– Заминување кон Скопје најдоцна во 17-17:30 часот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за турата е 45 евра
– Пријавување најдоцна, до 18-Октомври. 14:00 часот или до ПОПОЛНУВАЊЕ на местата.

***Пријавете се порано за подобра организација***

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Дејан ✆ 071/ 212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 – [email protected]

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
– Облека која штити од ветер
– Планинарски стапчиња

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
– вода 2л

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија