Навивај на планинскиот маратон Водно-Матка
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Со големо задоволство ги повикуваме сите љубители на природата, планинари од сите возрасти, мајки, деца, пензионери и миленици да се приклучат во навивањето и бодрењето на учесниците на планинскиот маратон Водно-Матка.
Настанот е закажан за 25 март, а активности на планината Водно и кањонот Матка ќе има преку целиот ден. Чест ни е да кажеме дека во првото издание имаме одлични 350 натпреварувачи од 18 држави, па ред е да се покажеме како одлични домаќини и за оние од страна, но и за големиот број на нашите домашни планински тркачи и ентузијасти.
Подолу ви ги пуштаме точките и саатниците кога најголем дел од тркачите би минувале.
Старт 40км – 08 часот – Полиција, населба Водно
Старт 23км – 09 часот – Полиција, населба Водно
Средно Водно – 08-09:30 часот
Марково Крувче – 08:30 – 10:00
Врв Водно (ФИНИШ) – 09:00-18:00
Бункери – 09:10 – 14:30
Седло после бункери 09:30 – 16:00
Кота – 09:45 – 13:00
Полјанка под Кота – 10:00 – 13:30
Кајакарски Мост Матка 10:00 – 14:30
Св. Недела, Матка – 10:30 – 13:30
Св. Никола Шишевски 10:00 – 15:30
Горно Нерези – Македонско Село 11:30 – 17:00
Или на било кој дел од планинарските патеки на планината низ кои минува трката:
Мапа на 40км – https://goo.gl/rQJZN6
Мапа на 23км – https://goo.gl/ATmgXy
https://karas4training.com/mk/training/motivation/vaka-se-naviva-na-eden-maraton
Се гледаме на Водно и Матка!!!
Од тимот на ВМТМ
[video:https://vimeo.com/219426342]