Вселена – информативна средба за детска едукативна програма

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ве покануваме на информативна средба за детската едукативна програма „Вселена”, што ќе се одвива од октомври до декември во просториите на галеријата „Акантус”. На средбата ќе имате можност да се информирате за програмата и да се запознаете со авторките на „Вселена”, Јулија Ѓорѓевиќ и Сабрина Железник.

„Вселена” е мултидисциплинарна образовна програма за запознавање со уметничките алатки од визуелно, музичко и изведувачко поле. Програмата ја нарековме „Вселена”, бидејки вселената представува бесконечно пространство во кое се испреплетени сите елементи, димензија каде што егзистираат сите нешта, животот, хрониката на сепостоечкото… во тој дух сакаме на децата да им овозможиме еден миг од ова пространство во кој ќе се изрази искрена и вистинска креативност.

Едукативната програма е составена од три модули, кои преку различни уметнички дисциплини и алатки, ќе ги насочат учесниците да создаваат. Во период од 10 недели ќе одржиме часови кои ќе бидат насочени кон истражување на телото, перцепцијата, свеста и развојот на креативната интелегенција.

Желба на авторките Јулија и Сабрина е, учесниците да стекнат познавање на различни техники на современата уметност, пристап на истражување во тоа поле, и најважно, самодоверба за лична креација и љубопитност без пречки.

Часовите се наменети за деца од школска возраст.

Распоред: од 2.10. до 4.12.2017, два пати неделно ( планирани се понеделник и четврток), една или две групи до 10 деца.

Цена: 3600 денари за 10 недели

Пријавете се на: [email protected]
Повеќе информации: www.kultivarnica.com

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија