Голем Кораб 2017

Датум на почеток:

09.03.2017

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата – Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово”.

По повод 8 септември денот на независноста на РМ, се организира Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб која оваа година е закажано за 03 Септември 2017, ДПС Трансверзалец ќе се приклучи на 26-то Традиционално иксачување на Голем Кораб 2017 организирано од страна на ПСД Кораб –Скопје.

• Карактеристични точки: караула Победа 1440 мнв – Голем Кораб 2764 мнв
• Висинска разлика: совладување на надморска височина од 1300 метри
• Должина на патека: 20 км вкупно
• Времетраење: еднодневна акција
• Цена: 550 ден
• Поаѓање: на 03.09.2017 во 5.00 ч, пред Железничка станица – Пошта и по ул.Партизански одреди на Хотел Карпош – Сити мол – Кружен тек во Ѓ.Петров/
• Пријавување : најкасно до 01.09.2017

Програма:
Според организаторот ПСД Кораб –Скопје. искачувањето започнува во 09:00 ч. а врвот се затвора во 15:00 ч., доколку до 15:00 ч. не успеете да го искачите врвот задолжително треба да се враќате назад кон караулата.

Вода за пиење има на првото бачило. Учесниците треба да набават најмалку 2л вода.

Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, опрема за топло сончево но и за дождливо и ветровито време, планинарски стапчиња, храна за дводневен престој на планина.

Напомена:
Акцијата не е за почетници и планинари со слабо планинарско искуство.
Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

На традиционалнатта акција поради големиот број на учесници секоја година се создава гужва и најчесто враќањето кон Скопје е во доцните часови, односно околу 10 или 11 часот навечер. Внимавајте на превозот со кој поаѓате и треба да се вратите.

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 01.09.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски

Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија