10/12 врв: Стрижак на Јабланица (2233 мнв)
Датум на почеток:
07.02.2017
Време на почеток:
03:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Трансверзала по целото било на планината Јабланица, каде ќе ги искачиме нејзиниот втор врв по височина, но прв по тешка пристапност – Стрижек, висок 2233 м.н.в, од каде што потоа ќе ги посетиме 4 прекрасни природни леднички езера – Горно и Долно Лабунишко, Подгоречко и Вевчанска Локва под највисокиот врв Црн Камен, од каде низ шумовит дол со неколку извори се спуштаме до Вевчани.
Почетна точка: маало Асовци на с. Јабланица (од кај Бороец), 08:00 h
Завршна точка: Вевчани
Должина на патеката: 23 км
Вкупно времетраење: 10 часа (3 – 3,5 часа искачување, 4 часа движење по билото покрај езерата, 2,5 часа слегување)
Тежина на акцијата: средно – тешка (со 2 тешки делници во должина од 50 метри каде се препорачува употреба на стапчиња). Здолжително носење на 2 литри вода. Акцијата и движењето се налик на еден ден на Прва Македонска Трансверзала (First Macedonian Traverse)
Цена на превоз 700 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.
Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) поради должината на патувањето над 190 км во правец; со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Хотел Карпош, City Mall, пекара Цујо – Ѓорче Петров.
Пријавување и купување карти најдоцна до 30.06. во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот и состаноци во четврток од 19:30, Зоран Костадинов – 070 641 998, продавницата кај студентски дом Кузман – СПУКМ од 8 до 20 ч..
Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.