Пелистер, Традиционален марш Димитар Илиевски Мурато

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

02:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 13 Мај 2017 год. ДПС Трансверзалец ќе се приклучи на 28-от Традиционален марш во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест. Традиционалниот Марш е во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер.

ПРОГРАМА:

За 28-от традиционален марш Димитар Илиевски-Мурато

МАРШРУТА бр 1:

Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер

13.05.2017 (Сабота)

04:00 ч.Поагање на автобусите од Пошта- Железничка станица, Скопје

07:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка Куќа.

12:00 ч.Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот.

13:00 ч.Поаѓање кон пл.дом Копанки

13.00 ч.Полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки, кратка комеморација,поздравен говор,доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата.

17.00.ч. Поаѓање на автобусите за Скопје од пред Инфоцентарот

ВАЖНО:

• Неопходна е зимска планинарска опрема за искачување на н.в.од преку 2500мнв.
• Учесниците да ги слушаат упатсвата на водичите и да ја чуваат животната средина, да не фрлаат отпадоци
• Секој учествува на сопствена одговорност и одговара за психофизичката подготвеност.
•Пријавувањето е задолжително
•Цена за превоз: 600 ден.

ПРИЈАВА најкасно до 10.05.2017 на тел 070/641-998 Зоран Костадинов.
Карти за превоз може да се набават во продавницата пред студенсткиот дом Куман Јосифовски Питу секој ден од 10 до 21ч. или на редовен состанок во просториите на друштвото секој Четврток од 20 до 21,30ч.

Известување:

За заинтересираните учесници за настанот MARIOVO OFF ROAD EXPERIANCE, постои можност за цена од 1200 денари да биде организиран дополнителен превоз на релација Хотел „Молика” – Мелница до Мариово. По искачувањето на Пелистер автобусите ќе пристигнат во Мариово, учесниците треба да носат шатори,вреќи и изомати за преспивање во кампот во Мариово вечерта на 13.05.2017. Во недела изутрина на 14.05.2017 се приклучуваат на искачувањето на врвот Панделе.
https://www.facebook.com/events/1149102675216303/

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија