Кајмакчалан – Лутраки – Воден

Датум на почеток:

12.03.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Дводневна отворена тура на убавецот Кајмакчалан со преубавото селце Лутраки (Пожарско на Македонски) , и со Едеса ( Воден ) центарот на областа Пела.
Турата е за сите категории на уживатели, кои сакаат да се прошетаат и да се наполнат со позитивна енергија, од почетници до страствени уживатели од сите возрасти. Целта на овој ивент е дружба, да видиме дел од историјата на југот на Македонија, да видиме што нуди Лутраки, да дишеме воздух на 2528 м.н.в. и да јадеме гиро во Воден.
Здравјето ќе ни би биде благодарно! 🙂

Лутраки или Пожар, мало туристичко место со околу 2.000 жители познато по своите минерални лековити извори,природни бањи,богата флора и уникатна убавина, место кое треба да е наше, место каде си течат 2 реки, едната студена другата 36-38 степени. Бањи за релаксирање, бањи за пливање во голем базен, бањи и кафани со многу големи капацитети. Турата е за телото и умот. Ако планината го опушта умот, тогаш бањата го опушта телото. Затоа турата е нагласена како “Здравјето ќе ви заблагодари” – Малку студено, малку топло.

Искачувањето на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе е само 3,5 км во правец со многу мала тежина, со што ги задоволува есенско-зимските критериуми. Врвот Кајмакчалан е висок 2528 м.н.в. Почетно искачување е 2020 м.н.в. со искачување од цели 508 метри 🙂 (Нецело Водно)

Програма:
Tргнување на 3-12-2016 год. (Сабота) од Пошта 2 на Железничка станица – Скопје
во 04:30 часот
Пристигнување до скии центрите на Ниџе – под врвот Кајмакчелан ( каде на врвот има изградена црква )
Времетрање на искачувањето: 2 часа
Тргнуање кон Лутраки: 14:00 часот најдоцна
Бањање во бањите – Цена на бањата- 2 евра надворешната во река
– 3 евра надворешниот базен
Сместување во соби од по 4 -3 -2 кревети
Припрема за вечера.

Недела:
Појадок
Тргнување кон Воден , град со 25.000 жители. Пристигнување, посета на најголемиот водопад Керинос од 70 метри и прекрасните градини познати во цела Грција
Прошетка и слободни активности, со можност за шопинг, кафе-пауза, ручек и сл.
Враќање кон Скопје 16:00 ‘часот.

Наградната игра за најдобра -фотографија и сега продолжува –
Наградата овој пат е челна ламба – Petzl

Храна:
Од ранец, 1л вода

Опрема:
За планината: Oблекување во слоеви, зимска јакна, капа, ракавици, зимски чевли.

За Лутраки спа : Пешкир и костим за капење.

Превозот е организиран со автобус, доаѓаат тие што се редоследно платени. Пријавување најдоцна до четврток 1-декември -2016 год.
Цена: 40 евра – Во цената имате, превоз – смештај и доручек .

Плаќање :
Алекс (070-382 751 )
Хари (077-743 599 )
Дејан ( 071-212 808 )
Со порано плаќање си го гарантирате местото и придонесувате за подобра организација. Лимитирани места.

Кој сака и групно патничко осигурување по цена од 50 ден по човек мора да достави, број на пасош, матичен број и име и презиме каде што ќе плати.
Цените на затворените спа центри ќе бидат подолу обајавени.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија