Екскурзија со ПК Македон на Белојшки водопад

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани пријатели и љубители на природата и планините
Веќе сме на средината на Мај но студеното време , дождот па и снегот сеуште се доминантни на планините.Сепак неделата која следува е предвидено мирно време со сонце па од таа причина решивме престојнава недела да одиме на планина но не толку високо туку доволно за да уживаме и одмориме во прекрасна природа.

Затоа, Ве покануваме на заедничко дружење , прошетка и уживање во живописните предели на Шар Планина односно на преубавиот предел околу селото Беловиште и посета на Беловишки водопад, во подножјето на Пирибег.

Вистинска екскурзија или настава во природа достапна за секој без разлика на својата физичка спремност Беловишки водопад еден од нашите најубави и најголеми водопади.

-почетна точка на тргнување село Беловиште 750мнв.
-цел.Карпите на водопадот 1300мнв.
-висинска разлика од околу 550мнв.
-должина на патеката 3км во еден правец
-времетраење на искачувањето 2,5часови и на симнување 2часа
-Цена 300ден
-тргнување од Скопје 07часот од паркингот пред веро 2 Тафталиџе
патеката е лесна и се одвива низ прекрасен шумски предел.
по симнувањето во селото предвидено е прошетка и посета на излетничкото место Петочко водиче како и одмор и ручек во ресторанот за секој заинтересиран

технички карактеристики :
разгазени обувки високи или ниски
-Тенки панталони долги, тренерки по избор и желба
-Лесна јакна, шушкавец во случај на ситен дожд
-1литар вода (има и таму да се наполни)
-Храна по свој избор (сендвичи,чоколадца, енерџибарови)
Пријавување најдоцна до Сабота 21.Мај бројот на места со организираниот превоз е ограничен

Секој учесник е должен да ги почитува советите насоките и темпото на движење утврдено од организаторот и самиот одговара за својата психофизичка спремност.
Организаторот има право да го исклучи од групата секој кој што нема да ги почитува неговите правила и насоки

Акцијата ќе биде водена од лиценцирани водичи на ПК.Македон
деновите претходно, петок и сабота е највен дожд за недела прогнозата е мирна сончева без врнежи во случај на промена организаторот има за право да ја откаже акцијата

се гледаме 🙂

Лица за.контакт

Бојан 071 273 299
Дуле 078 310 552

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија