Женска Трка 2016

Датум на почеток:

04.10.2016

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2016, на 10 април ќе се одржи Четвртата по ред ЖЕНСКА ТРКА.

Податокот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, го зголемува ризикот од разни заболувања. Превенцијата од заболувањата ќе ја започнеме заедно со вежбање. Низ годиниве, успеавме бројот на жени да го зголемуваме и оваа година очекуваме околу 800-1.000 жени да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 10.04.2016 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.00- Аеробик
Старт: 10.30 – Трчање на 2.000 метри (1 круг во парк)
Линк за пријавување: http://zenskatrka.skopskimaraton.com.mk/
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 6 април
Котизација:
– до 21.03.2016 / 100 денари
– до 06.04.2016 / 150 денари
За пријави до 29 март, вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11-19 часот и 09.04 (сабота) од 11-16 часот во Скопје Сити Мол.

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
10.00 – Аеробик вежби за загревање
10.30 – Старт на трка на 2км
11.00 – Вежби за истегнување и релаксација.
По завршувањето на трката, на платото кај Школката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.

Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија