Неверојатниот жив свет на Македонија – Видови за кои не сте знаеле дека постојат

Датум на почеток:

12.03.2015

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), организира јавно предавање на тема: ,,Неверојатниот жив свет на Македонија – видови за кои не сте знаеле дека постојат”. На предавањето ќе се презентираат информации околу животински и растителни видови за кои јавноста до сега не слушнала или не видела. Ќе се разговара околу видови кои живеат во Македонија, но поради својот изглед, форма, обоеноеност или екологија на јавноста најчесто и делуваат атрактивни и неверојатни.

На предавањето ќе се разбијат и некои народни митови и легенди како и небулози поврзани со животите на некои видови. Месојадни и паразитски растенија, отровни габи, огромни инсекти, змии и гуштери како и истребени птици ќе бидат само дел од видовите кои ќе бидат презентирани. На предавањето ќе се изложи и мала поставка со препарирани и хербаризирани видови како и микроскопи и бинокулари за добивање на целосна слика за живототот на дел од видовите.

Јавнотото предавање ќе се одржи во четврток (03.12.2015) во клубот ГЕМ – Менада во почетокот од 18 ч. Влезот е бесплатен.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија