Критична маса #37: 3 години борба за Скопје-вело град!

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

15:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Датум: Среда, 27.05.2015
Почеток: 17:30, паркингот пред Зоолошка
Рута: Роденденска
Крај: Роденденски пикник
———————–
Пред точно три години ја започнавме авантурата наречена „Критична маса”. Оттаму произлезе и неформалното здружение НаТочак. Во него влеговме со искрени намери и огромни амбиции. Сонувавме големо. Сакавме да го смениме градот. Посакувавме да видиме повеќе луѓе кои ќе користат велосипед низ улиците на Скопје. Се боревме да ги подобриме условите за возење.

Но сѐ започна со таа Критична маса, една среда во Мај, пред три години. Не бевме сигурни како на сето тоа ќе реагираат нашите сограѓани. Ќе има ли одзив? Каква ќе биде поддршката? Ќе имаме ли истомисленици?

Реакцијата на Скопјани беше одлична. На првата Критична маса се појавија стотици луѓе. По ова движењето продолжи да се развива и шири. Наредниот месец следеше нова Критична маса, а по неа уште една и уште една…

Се обидувавме да го кренеме нивото на вело-култура во нашата средина. Организиравме десетици акции со кои реагиравме на многубројните проблеми од оваа област. Многу често наидувавме на пречки во институциите. Се изнаслушавме фрази од типот “може”, „ќе биде”, “ќе видиме”, „тешко тоа”, „невозможно” и сл. но во ниеден момент не се откажавме. Крутоста и затвореноста на надлежните ги сфативме како предизвик за понатамошна борба. Продолживме со постојан притисок кон институциите. И ќе продолжиме!

3 години вртиме за промена, 3 години посочуваме и 3 години сме на важи.

Но еден ден и Скопје ќе биде вело-град. Тоа е историска неизбежност.
И на сите ќе ни криво зошто не сме почнале порано со промената.
Наше е да возиме, на одговорните е да бидат одговорни кон иднината на градот.

Гледаме дека низ Скопје има сѐ повеќе луѓе кои се на точак. Но нашата борба ни одблизу не е завршена. Треба уште многу да се работи за да дојдеме до ниво кое ќе биде прифатливо за сите. Ќе ја бараме инфраструктурата која ја заслужуваме! Проблеми има уште многу и затоа продолжуваме понатаму. Веќе нема враќање назад. Решени сме Скопје да го направиме вело град! Не чека уште многу работа. Но, најмногу од било кога ни е потребна е и твојата поддршка.

Дојди со нас да прославиме 3 години вртење за промена.

3 години Критична Маса за Скопје велосипедски град!

Скопје не може да биде веле-град без најпрво да стане вело-град. Затоа продолжуваме понатаму. Среќен 3-ти роденден Скопје НаТочак!

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија