Отворена еднодневна акција на Караџица со врвот Убава 2352 м.н.в. и Остри врв 2340 м.н.в.
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
04:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на Караџица со врвот Убава 2352 м.н.в. и Остри врв 2340 м.н.в.
17 мај 2015
Турата е кружна и започнува од с. Патишка река (1243 м.н.в) од каде се одвојува макадам кон врвот Убава, па по гребенот, Остри врв и бачилото по друг пат се спушта кон Патишка река и е во траење од 6-7 часа (во зависност од спремноста на групата). Во зависност од условите турата може да се изведе до само еден од врвовите и враќање по истиот пат.
Турата не е премногу тешка (првиот дел е по макадам), но е подолга и бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, гамашни, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време, а од храна лесна храна/овошје. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза кај бачилото, од каде се продолжува надолу до селото.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Патишка река. Бројот на местата се ограничени.
Пријавувањето e задолжително на e-mail или по телефон на [email protected] или 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 15 мај 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.
Цената за турата е 300 денари.
Организаторот го задржува правото да направи промени на турата. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво.