Традиционален марш посветен на Даре Џамбаз

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак” – Прилеп на ден 26.04.2015 недела, организира традиционален марш посветен на основоположникот на планинарството во Р. Македонија , Даре Џамбаз.

Оваа атрактивна патека е во должина од 16 км.

Релација : Прилеп – с.Дупјачани – Сурун-Старо македонски гробници – Горно Село- ман. св Богородица(Трескавец) – Маркови Кули – карпести гробници – ман.св Архангел Михаил – храм св. Никола 13 век- црква св. Димитрија – Амфи театар ( Варош ).
ВЕ ПОКАНУВАМЕ да земете учество на овој планинарски марш и да му оддадеме почит на основоположникот на планинарството во Македонија Даре Џамбаз, а воедно и од причина што патеката изобилува со културно историски споменици, од 3-4 век п.н.е. ; храм од 13 век; ман. Од 13 век итн.
Програма :
06:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници и разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија
07:30 – Пристигнување на групата во с. Дупјачани и старт на маршот.
12:00 – Пристигнување во ман. св. Богородица „Трескавец” каде е обезбеден ручек.
13:00 – Тргнување од Трескавец кон Маркови Кули и Варош.
17:00 – Затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.

НАПОМЕНА :
Потребно е секој учесник да понесе прибор за јадење.
Во прилог е доставена листа во која водичот на организираната група од Прилеп или од друг град, или друго пл. друштво ќе треба да ги пријави своите учесници. Листата се предава оргинал пред почетокот на маршот на организаторот!

ЛИСТА

ПРЕВОЗОТ Е ОРГАНИЗИРАН од Прилеп до с.Дупјачани по цена од 50 ден. по учесник.
Патеката е средно тешка и е маркирана..
Пријавување и подетални информации на :
тел. броеви
075/ 609-821 – Бојан
071/ 460-322 – Благоја
076/ 662-448 – Кире
075/ 535-911 – Методија
на фб профилите на Бојан Станимировиќ и Psz Kozjak Prilep или на [email protected]

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија