Ceripasina Vertical Kilometer

Датум на почеток:

02.08.2015

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Sky Running – Vertical Kilometer race
Повелете на уште еден предизвик. Второ зимско издание на оваа трка.
Должина 4500 m – висинска разлика 1000 m>
Старт – 10 часот – кај ски-лифт Тетекс.
Патека : ски-лифт Тетекс – Церипашина (Син Врв) – Антени. Од врвот Церипашина има спушттање кон Бобинова стена па потоа искачување до Антени.
Патеката ќе биде измаркирана со ленти и со црвен спреј на снегот.

Пријавување на [email protected]
(Име и презиме, година на раѓање, тел.)
Стартнина : 50 ден
На стартот да бидете најдоцна до 9:30 за да добиете стартни броеви и да се загреете.

Временските услови може да се непредвидливи, затоа бидете спремни на се. Ќе се потрудиме на Церипашина да има чај, но не можеме да гарантираме, така да бидете си спремни со свои сили да се качите и вратите.

Имајте соодветна облека и обувки. Ако е ладно и има шанси – особено под Антени да е подмрзнато – имајте некакви боцки за на патиките/чевлите.

И брзи планинари се добредојдени на тркава.

Побрзајте со пријавување дека само првите 3000 ќе бидеме во можност да ги примиме на трка.

Доделување на награди во ПД Смрека:

Ако бидат добри временските услови – ќе направиме потоа и мала fun-downhill race во близината на Смрека.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија