Традиционално зимско искачување на Мусала

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на пк.Еделвајс и I love hiking-group Macedoni

Мусала 2925 м.н.в. Република Бугарија

Тродневна планинарска-високогорска акција, старт со организиран превоз на 17.01.2015 година во 05.00 часот од паркингот пред поштата кај нова железничка станица.

Пристигнување во Софија -170 км од Скопје, каде ке се посети Декатлон за набавка на планинарска опрема, задржување максимум 3 часа. Потоа пристигнување во Боровец 1350 м.н.в – 70 км од Софија од каде започнува пешачењето до планинарски дом Мусала 2389 м.н.в. патеката се пешачи во зимски планинарски услови за 4.30-5 часа и се совладуваат 1039 м надморска висина, за време на пешачењето најверојатно ке не стемни затоа е потребно неопходна челна ламба за секој учесник, пристигнување во домот и нокевање.

18.01.2015 година 07-30 часот старт со искачувањето на врвот Мусала, патеката од домот до врвот е карпеста по срт кој е обезбеден со сајла која служи како помагало за искачувањето, пешачење 2.30-3 часа и се совладуваат 536 м.н.в. Поради користењето на поставената сајла како неопходна помош, секој учесник задолжително мора да поседува соодветни зимски ракавици. Патеката најверојатно е замрзната и неопходно е користење на дерези од страна на секој учесник. По искачувањето на врвот ке направиме кратка пауза, потоа повторно се вракаме во истиот планинарски дом каде и повторно ке нокеваме.

19.01.2015 година 10.00 часот поагање од планинарски дом Мусала кон Боровец, пристигнување, кратка пауза и поагање кон некоја локална Бања која ни е по пат, потоа поаѓање кон Скопје.

Потребна опрема и услови : Психофизичка подготвеност за наведеното пешачење во зимски планинарски услови, удобен ранец, високи зимски добро разгазени планинарски чевли, дерези, гамашни, цепин, зимска топла облека која заштитува од ветер и дожд, зимски ракавици и капа, очила или маска за заштита од сонце, планинарски стапчиња, челна батерија, храна и пијалоци си носи секој сам. Домот каде што ке нокеваме е снабден со секаков вид на пијалоци и храна.

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведенита планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичот. Организаторот и водичот имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција, секој учесник кој нема да ја поседува наведената планинарска опрема, а во зависност од временските услови е неопходна за искачување на врвот, и не е психофизички подготвен, ке биде принуден да остане во планинарскиот дом и ги почека останатите членови на групата.

Организаторот и водичот го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Секој учесник задолжително мора да поседува патничко здравствено осигурување кое вклучува и повреда од спортска активност за терминот на планинарската акција.
Бројот на учесници за секоја планинарска акција е ограничен.

Цената за превоз, спиење во домот и патничко осигурување со повреда од спортска активност изнесува 50 евра.

ПРИЈАВУВАЊЕ и ПЛАЌАЊЕ најдоцна до четврток 15.01.2015 год
Контакт телефон
Дејан 071 212 808
Атанас 076 70 70 10

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија