Искачување на Крчин – Преображение Господово

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани љубители на планината

На 19-ти во реканското село Битуше (900нмв) се слави празникот Преображение Господово. По повод овој празник мештаните како и многу гости кои доаѓаат во селото организирано посетуваат една малечка планинска црквичка (1889нмв) која се наоѓа во подножјето на врвот Голем Крчин (2341нмв).

Тргнување 19-ти Август во 06:00 часот од месноста Драга (1090нмв) кај скитот на Св. Јован Бигорски (поранешната караула) над селото Битуше (900нмв).

Во 09:30 се пристигнува до планинската црквичка(1889нмв) во подножјето на врвот Голем Крчин.

Од оваа локација врвот Голем Крчин може да биде искачен за околу еден час по маркираната патека што започнува од бачилото. Се искачува Мал Крчин (на карта Рудина 2238нмв) и покрај месноста Врток се искачува врвот Голем Крчин (2341нмв), каде што се наоѓаат остатоците на малата црквичка на самата граница со Албанија.

Планинарска тура се движи по целосно маркирана патека.

Технички спецификации на патеката

Патека од село Битуше до Голем Крчин
Должина – 6,6 км
Вкупна денивелација – 1195 м
Потребно време за минување 3-5 часа
Тежина на патеката – лесна до средна 

Алтернативна патека !!

Напомена: За сите оние поискусни и авантуристички љубители на планината постои и кружна алтернативна дводневна патека. Се трга на 18-ти Август, се спие во шатори кај месноста Гинова чешма (прочитај погоре), се искачува Голем Крчин и се продолжува до ледничкото езеро Локув (1565нмв), сместено на планината Дешат. Постои и можност за алтернативно бесплатно спиење во селото Битуше.

Пријавувавањето за оваа алтернативна патека е до Недела (17.08.2014). Пријавување и повеќе инфо може да добиете кај лицата за контакт.

Контакт телефон: 071 50 00 15 и 070 51 84 18

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија