Камп за боречки вештини во Охрид
Датум на почеток:
08.08.2014
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Во организација на клубовите за боречки вештини “The Strongest & ROOTS BЈЈ Македонија” во периодот од 08 до 10 август (петок, сабота и недела) во Охрид ќе се одржи камп за боречки вештини каде што ќе бидат застапени повеќе боречки вештини.
Дневно ќе се изведуваат два тренинга (наутро и после пладне), а во текот на денот сите заедно ќе се дружиме на некоја од плажите во Охрид, кафичите, дискотеките итн.
На овој семинар се поканети сите љубители на боречките вештини ( џит кун до, бразилска џиу џица, бокс, кик бокс, карате, џудо, мешани боречки вештини ММА клубови итн… ).
Програма – распоред на активности за 3 дена:
Петок 08.08.2014 година
– 08.00 – 10.00 часот – Јеет Куне До (ЈКД) Стрит Фајт тренинг на плажа – трапинг растојание (вежби и техники на брзо завршување на напад, техники од хубад и чи сао со премин во зафат и фрлање на под, техники кои се тренираат во специјалните единици);
– 17.30 – 19.30 часот – Бразилска џиу џица – БЈЈ (со кимоно) тренинг во сала на татами – тема на тренингот: Поминување на гард, спаринг (хендикеп спаринг);
Сабота 09.08.2014 година
– 08.00 – 10.00 часот – ЈКД & Кали тренинг на плажа – техники на напад и одрбана од нож, борба со повеќе напаѓачи, спаринг – тренинг во вода;
– 17.30 – 19.30 часот – ММА – мешани боречки вештини (без кимоно) тренинг во сала на татами (по можност сите учесници да носат со себе ММА ракавици – тема на тренингот: Напад и соборување на под;
Недела 10.08.2014 година
– 08.00 – 10.00 часот – ЈКД тренинг на плажа – напад и одбрана со стап – ескрими (вежби и техники на правилен напад и правовремено одбивање на напад);
– 17.30 – 19.30 часот – БЈЈ (без кимоно) тренинг во сала на татами – тема на тренингот: Ослободување од маунт позиција, странична контрола и зафат од позади при борба на под, спаринг;
Теми кои ќе ги разговараме во слободното време:
-свест и подсвест;
– страв.
Партиципацијата за учество за 12 часа тренинг е 25 евра (1500 денари)!!!
Семинарот ќе биде предводен од Основачот на “The Strongest & ROOTS BЈЈ Македонија” и Председател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица – Алексовски Ивица со асистенција на неговите ЈКД и БЈЈ асистенти – Александар Заткоски, Александар Јакимовски, Аце Брсакоски, Гоце Тодоровски.
Бројот на учесници е ограничен (тренинзите во сала се ограничени поради бројот на татамите).
Секој учесник ќе добие ДИМПЛОМА за учество и 12 часа тренинг од повеќе боречки вештини.