Културното наследство низ Прилепското Поле

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 14 септември по Прилепското Поле на точаци ќе се посети дел од културното наследство на Република Македонија. Една поинаква велосипедска тура која на нејзините учесници ќе им ја раскаже културата, историјата и приказните на Прилепското Поле.


Пелагонија и особено Приепското Поле изобилува со природни и културни знаменитости. Само Општина Прилеп има регистрирано 198 културни споменици кои се заштитени со закон, најголем број од сите општини во Македонија. А ни Општина Долнени ни Општина Кривогаштани немаат недостаток на нешта за покажување. Сепак, Прилепското Поле е нај познато по одгледувањето на тутун, додека неговата културна вредност се крие во сенката на недостатокот на промоција. Затоа Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи” од Скопје, во соработка со Велосипедскиот клуб „Илинден” од Прилеп ве повикува на една образовна и промотивна велосипедска тура насловена како „Културното наследство низ Прилепското Поле.”

Велосипедската тура „Културното наследство низ Прилепското Поле” ќе се одржи на 14 септември, недела, 2014 година. Период кој ќе овозможи да се доживее Прилепското Поле во својата златно-жолта боја и да се просведочат последните денови од зелените тутунови полиња.

Идејата е да се привлечат граѓаните на Република Македонија, но и странци, да го посетат Прилепското Поле на велосипед. Полето е рамно, со по некое ридче, па самиот терен овозможува скоро секој да вози велосипед по едвај прометните локални патишта. Самата тура пак е предвидена да биде лесна, ако не и најлесната организирана велосипедска тура во Македонија, се со цел да може секој кој сака да учествува.

Долж предвидената рута ќе има бројни места за застанување кои претставуваат и културно наследство и каде кустоси ќе ги раскажуваат приказните за тие објекти. Секако, предвидено е да преку спонзори се обезбедат освежувања и по некоја закуска на местата каде нема вода или каде ќе има потреба од поголемо освежување.

Самата тура е предвидена да биде долга 50 км и да се движи по асфалтирани патишта. Додека, на барање на XMKD, предвидено е да има уште една опција за по активните велосипедисти, каде групата ќе има 77 км за возење велосипед и ќе има околу 20 км земјени патишта. Сепак, во делот на посета на културното наследство, двете групи ќе се движат заедно. Тоа ќе овозможи да турата биде интересна и за лица кои немаат многу кондиција или искуство во возење тури, како и за лица со по напредна спремност во однос на возењето велосипед.

Доколку ти си почетник и не си сигурен дали можеш да извозиш 50 км, знај дека во тие 50 км ќе има пет места, односно седум сосе почетната и крајната, кои ќе се посетат. На секое од тие места ќе се направат паузи од 15 до 30 минути. На овој начин почетниците, учесници нема да ја осетат должината на патеката. А доколку навистина ви биде тешко, тогаш ќе има возило кое ќе ви помогне.

Рутата ќе ги поврзе сите три општини на Прилепското Поле: Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Односно стартот ќе биде во Прилеп, ќе се помине низ Долнени, а ќе се заврши во Кривогаштани.

За учество на оваа тура ќе се плаќа котизација од 700 денари, со која е предвидено да се покријат дел од организационите трошоци. Секако, превоз до местото на почетокот и назад, ќе биде обезбедено со доплата, онаму каде ќе има интерес за тоа, како пример од Скопје. Деталите околу ова ќе бидат објавени набрзо, а до тогаш ве поттикнуваме да си резервирате место бидејќи бројот на учесници во оваа тура ќе биде ограничен. Испратете порака на [email protected]

За оние кои сакаат да учествуваат со сопствен превоз, потребно е да знаат дека ова не е кружна патека и дека тоа значи дека рутата ќе им биде подолга нив за уште 17 км. Затоа, за почетници велосипедисти и градски точкољупци препорачливо е да дојдат со организираниот превоз.

Се надеваме дека оваа велосипедска тура ќе биде промотивна, во смисла дека ќе поттикне зголемена посета на Прилепското Поле и надвор од овој настан, било од рекреативен или туристички карактер. Воедно, ги поттикнуваме учесниците кои сакаат да дојдат со сопствен превоз да го поминат целиот викенд 13-14 септември во Прилепското Поле и да уживаат во можностите кои тоа ги нуди. Ние стоиме на располагање за консултација доколку некој сака да го посети Прилепското Поле надвор од настанот. Слободно обратете ни се на: [email protected]

Овој настан е поддржан од:
Министерство за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Општина Долнени, Општина Кривогаштани, Општина Прилеп, XMKD, Фурна Алекс (Прилеп), Costa d’Oro, Donna Vera, Adriana, Стефано 97, Нова Македонија

Ако сакате и вие да го пооддржите, обратете се на [email protected]

Посетувај го то4ак.сом за дополнителни информации.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија