Олимписки семинар за специјална физичка подготовка

Датум на почеток:

05.09.2014

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Македонскиот олимписки комитет информира дека на 9 мај 2014 година (петок) ќе организира семинар по спортска медицина на кој главен предавач ќе биде д-р Андреј Швент, (Република Словенија), меѓународен експерт од областа на електро-мускулна стимулација (ЕМС) во спортот и здравството.

Д-р Андреј Швент е експерт за ЕМС за спортски тренинг/рекреација, физикална терапија, рехабилитација, респираторна физиотерапија и висок предавач на Универзитетот во Копар по апликативна кинезиологија.

На семинарот, на кој се поканети националните спортски федерации, спортските клубови, трeнерите, стручните спортски кадри, спортистите, високо образовните институции и други, ќе бидат разработени теми како користење на ЕМС во процесот на зголемување на специјалната физичка подготовка, во процесот на развој на спортскиот тренинг, развој на специфични мускулни способности, регенерација на мускулни групи, спортска рехабилитација, современи технологии за прирачни мерења во тренинг за ефикасно дишење во спортот и многу други теми од интерес за развојот на физичката подготовка на врвните спортисти.

Се очекуват голем број на пријави од стручните лица во НСФ-ии и спортските клубови како и од спортистите кои би пројавиле интерес за учество на овој семинар

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија